Отворени прозорци во автомобилот - Фото: Рexels-freestockpro

Отворени прозорци или клима во автомобил на жештини? Еве што велат експертите

Во летните горештини, кога асфалтот се вжештува, многу возачи се соочуваат со познатата дилема: дали да ги отворат прозорците за свеж воздух или да ја вклучат климата во автомобилот? Иако изборот изгледа едноставен, стручните анализи покажуваат дека одговорот зависи од една конкретна брзина, пишува „Н1“.

Границата од 72 километри на час

Истражувањата укажуваат дека клучната точка е околу 72 километри на час. Под оваа брзина, возењето со отворени прозорци најчесто е поекономично решение. Природниот проток на воздух помага во разладување на кабината, без значително зголемување на потрошувачката на гориво.

Но, кога брзината ќе ја надмине оваа граница, ситуацијата се менува. Отворените прозорци почнуваат да создаваат поголем отпор на воздухот, што ја нарушува аеродинамиката на возилото. Тоа значи дека моторот мора да вложи повеќе енергија за да го одржи движењето, што директно влијае на потрошувачката.

Според истражувања на Друштвото на автомобилски инженери, користењето на клима-уред може да ја зголеми потрошувачката на гориво за околу 10 проценти, но при поголеми брзини возењето со отворени прозорци може да ја зголеми потрошувачката и до 20 проценти.

Што е поекономично?

На прв поглед, изгледа дека климата секогаш троши повеќе. Сепак, при возење на автопат, отпорот од отворени прозорци може да биде уште поголем трошок. Затоа, при повисоки брзини, вклучената клима често се покажува како поефикасна опција.

Сепак, резултатот не е ист за сите возила. Потрошувачката зависи од бројот на отворени прозорци, аеродинамиката на автомобилот, надворешната температура и начинот на користење на климатизацијата.

Град и автопат – различни правила

Во градски услови, ситуацијата е поинаква. Кога сообраќајот е бавен и често има застои, отворените прозорци се сосема разумен избор од аспект на потрошувачка.

Но, постои и друга страна на приказната. Во градскиот сообраќај, отворањето на прозорците значи и директно изложување на издувни гасови од другите возила, што може да влијае на квалитетот на воздухот во кабината.

Поради тоа, експертите често препорачуваат користење на клима-уред со внатрешна циркулација на воздухот. На тој начин се лади веќе постоечкиот воздух во автомобилот, наместо постојано да се внесува нов, загаден воздух однадвор.

Нема едно универзално правило

Иако дебатата секое лето се враќа, стручњаците нагласуваат дека не постои едно решение за сите ситуации. При побавн градско возење, отворените прозорци можат да бидат практични и економични, но при поголеми брзини, клима-уредот најчесто е поразумниот избор.

Клучниот заклучок останува ист: сè зависи од брзината, условите на патот и начинот на возење, а границата од 72 километри на час се издвојува како најкорисна ориентација за возачите.

Климатизерот во автомобилот нема да лади како што треба ако ги правите овие грешки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот