Механичарот Таларес Ебенезер/Фото: Принтскрин/Тикток/Talleres Ebenezer

ВИДЕО | Механичар откри кој половен автомобил би го купил без размислување — и да поминал 800.000 километри

Додека повеќето возачи на најсигурните половни автомобили прво помислуваат на јапонските марки, еден механичар, кој редовно споделува совети на социјалната мрежа Тикток, тврди дека неговиот избор би бил европски модел стар повеќе од 20 години. Станува збор за автомобил за кој вели дека, со правилно одржување, може без поголеми проблеми да достигне и до 800.000 поминати километри, пишува хрватски „Тпортал“.

Купувањето половен автомобил често е своевидна лотарија, а сигурноста и доверливоста е еден од клучните критериуми при избор на возило. Токму затоа советите на искусни механичари привлекуваат големо внимание кај возачите кои бараат автомобил способен да помине стотици илјади километри без поголеми проблеми.

Еден механичар, познат на Тикток под профилот Талерес Ебенезер, откри кој половен автомобил би го избрал доколку најважни критериуми би му биле  долговечноста и сигурноста. Интересно е што неговиот избор не доаѓа од Азија, иако јапонските и корејските производители традиционално доминираат на листите на најсигурни автомобили.

@juanjoseebenezer Coches FIABLES 🚗✅ #mecanico #refrigerante #cuidado #mantenimiento #mecanicodeltiktok #V8Power #taller #tallermecanico #coche #ParaTi #TikTokCars #BeforeAndAfter #Viral #vehiculos #automovil #automocion #reparaciones #cajadecambios #bmw #adblue #lluvia #toyota #hyundai #TuningLife #MercedesBenz #CarMod ♬ sonido original – Juan José Ebenezer

Пет цилиндри и репутација за неуништлив мотор

Според него, станува збор за првата генерација на моделот волво С60 опремен со 2,4-литарски дизел мотор од 130 коњски сили. Автомеханичарот тврди дека станува збор за исклучително издржлива машина која, со редовно одржување и одговорно користење, може да помине помеѓу 600.000 и 800.000 километри без сериозни зафати на моторот.

Посебно се издвојува петцилиндричниот мотор на волво, познат по својата робусна конструкција, непречено работење и долг век на траење. Ваквите мотори со години уживаат речиси култен статус меѓу љубителите на брендот токму поради нивната сигурност.

Иако станува збор за модел воведен на почетокот на 2000-тите, механичарот верува дека волво С60 од првата генерација ниту денес не изгледа застарен кога станува збор за удобност, безбедност и квалитет на изработка. Безбедноста е една од главните причини зошто волво е меѓу најпочитуваните европски производители на автомобили со децении.

Кај половниот автомобил најважно е одржувањето

Меѓутоа, експертот предупредува дека дури и најсигурниот модел не е гаранција за безгрижно купување. Сервисната историја, редовното одржување и начинот на кој претходните сопственици го користеле возилото често се поважни од самата марка или модел.

Поради тоа волво С60 им се препорачува на возачите кои бараат поволен, безбеден и издржлив автомобил за секојдневно возење и подолги патувања. Ако моделото е правилно одржуван, тој смета дека тоа е еден од најисплатливите избори на пазарот на половни возила.

Климатизерот во автомобилот нема да лади како што треба ако ги правите овие грешки

Кој е најдобар автомобил за возач почетник?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот