Злобната страна на Чарлс Дикенс: Сакал да ја затвори сопругата во лудница за да живее со љубовницата

Чарлс Дикенс, едно од писмата и сопругата на писателот - Кетрин / Фото: Profimedia

Распадот на 22-годишниот брак на писателот Чарлс Дикенс и неговата сопруга Кетрин Дикенс е добро документиран. Како и суровоста на авторот кон неговата сопруга, пишува „Стил“.

Меѓутоа, откако се појавија мноштво новооткриени писма, се покажа дека Дикенс одел дотаму што испланирал да ја смести својата совршено здрава жена во ментална установа, сѐ со цел да може да живее со својата љубовница.

Еден документ со 98 писма опишува колку Дикенс бил пренцизен и итар во својот обид да ја напушти сопругата и да живее со љубовницата – без никакви последици. Тој одел толку далеку, што се обидел да ја прикаже својата нормална жена како психички болна.

Писмо кое Чарлс Дикенс ѝ го напишал на сопугата за Божиќ во 1938 година / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Во периодот кога се разделувале, писателот му напишал писмо на својот агент, во кое тврдел дека Кетрин сакала да се исели од нивниот дом бидејќи има „ментално пореметување со кое живее секојдневно“.

Писмото стигнало до јавноста и станало, на некој начин, тема за оговарање. Некои велат дека писателот сам го објавил, за да може да ја контролира приказната за неговата разделба од сопругата. Тој ја етикетирал Кетрин како „товар“ на кој веќе не може да му помогне.

Во првите години од нивниот брак, Дикенс ѝ се обраќал на својата сопруга со „мојот најмил живот“ во писмата испратени до неа, но сето тоа бргу се променило кога писателот започнал афера со 18-годишна актерка. Откако ја запознал Елен „Нели“ Тернан, тој бил и со двете во исто време, сѐ додека официјално не се разделил од Кетрин, што било сосема невообичаено за тоа време.

Портрет на Чарлс Дикенс / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во меѓувреме, Кетрин се борела со тоа да го прифати фактот дека повеќе не живее во семејната куќа, каде што ги одгледала своите десет деца. Нејзината верзија на настаните досега не била разгледана.

Откритието дека Чарлс Дикенс се обидел да ја хоспитализира својата сопруга во ментална установа е секако шокантно, но уште полошо е тоа што постојат докази дека луѓето знаеле за оваа измама. И тоа блиски луѓе на поранешната сопруга на Дикенс. Нејзината тетка, Хелен Томпсон, тврдела дека писателот се обидел да ја убеди дека докторот на Кетрин ја дијагностицирал како ментално неспособна, но нејзиниот запис бил отфрлен како фалсификат.

За жал, од овој пример можеме да заклучиме дека дури и книжевните генијалци се сложени човечки суштества, кои и самите се способни за суровоста што ја осудуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот