Се насликал себеси повеќе од 90 пати, доживеал банкрот, никогаш не ја напуштил Холандија — интересни факти за големиот уметник Рембрант
На денешен ден во 1606 година се родил Рембрант Харменсон ван Рaјн, еден од најважните уметници во историјата и, секако, најважниот во холандската историја на уметност. Неговите дела продолжуваат да ја пленат публиката стотици години по неговата смрт.
Препорачано
Тој имал среќа да живее и да создава за време на холандското златно доба. Ќе биде запаметен по неговата драматична употреба на светлина и сенка (кјароскуро), неговата разноврсност и, најконкретно, по неговото портретирање.
Постојат безброј причини да ја цениме уметноста на Рембрант. Сепак, има и некои изненадувачки и помалку познати аспекти од неговиот живот и кариера кои вреди да се споменат.
Рембран(д)т не е неговото вистинско родено презиме
Обично го користиме само Рембрант / Rembrandt, но тоа не е неговото целосно име или презиме. Неговото целосно име е Рембрант Харменсон ван Рајн / Rembrant Harmenszoon van Rijn (забележете дека „д“ недостасува во Рембрант).
Буквално преведено, ова би било Рембрант, син на Хармен, од Рајна – што означува дека името на неговиот татко било Хармен и дека живеел покрај Рајна. Зошто додал нечујно „д“ на својот потпис во 1633 година не е познато.

Станал многу богат, па банкротирал
Неговите дела биле почитувани уште за време на неговиот живот, па затоа успеал да заработи пристојна сума пари и навистина да ужива во животот. Купил луксузна градска куќа и основал студио. Во тој период, комбинацијата од високи трошоци и лоши инвестиции го исцрпила целото негово богатство.
Ова резултирало со неможност да ја плати хипотеката, па морал да прогласи банктор и да продаде многу предмети и слики од својата колекција. Целото семејство се преселило во помалата куќа, но никогаш целосно не се опоравиле и тој починал во сиромаштија.
Никогаш не ја напуштил Холандија
Иако бил под влијание на делата и техниките на италијанските уметници, тој речиси сигурно никогаш не патувал во Италија, Шведска или каде било на друго место во странство. Истражувачите ја припишуваат силната употреба на кјароскуро од страна на Рембрант поради италијанските влијанија на неговиот учител.
Како млад човек во Амстердам, Рембрант студирал кај холандскиот сликар Питер Ластман, кој бил во Италија. Ластман го научил техники од италијански уметници како што е Караваџо
Се насликал себеси повеќе од 90 пати
Многумина експерти го поставуваат прашањето: дали Рембрант го измислил селфито? Ниеден уметник пред Рембрант не насликал толку многу автопортрети. Сликајќи се тој се забавувал без суета и со најголема искреност.
Неговите автопортрети пренесуваат многу расположенија и го покажуваат штетното влијание на времето и како тоа влијаело врз неговиот изглед. Тие се интимни и откривачки, и се смета дека биле наменети да се продадат, наместо да се чуваат за идните генерации.

Тој бил скап учител
Неговата школарина чинела 100 гулдени годишно, без сместување. Не земал почетници и заработувал повеќе продавајќи ги делата на своите ученици.
Учениците работеле на поткровје преградено со хартија или платно за едра. Според практиката, учениците ги копирале делата на својот учител пред да го развијат својот стил. Некои ученици станале негови студиски асистенти, чии дела тешко се разликуваа од оние на Рембрант.
„Ноќната стража“ е едно од најпознатите негови дела
Првично, сликата немала наслов. Како официјален наслов се користи „Граѓански гардисти од II округ под команда на капетанот Франс Банинк Кок“, позната и како „Ноќна стража“. Насловот „Ноќна стража“ за првпат е употребен во документ во 1797 година. Му била потребна најмалку една година, но веројатно и подолго да ја заврши оваа масивна слика.
Во 1911 година, „Ноќната стража“ била оштетена со нож. Ова се случило повторно во 1975 година кога некој нанел 12 посекотини на платното. Во 1990 година, еден човек испрскал киселина врз сликата. Поради брзата интервенција на чуварот, само лакот бил оштетен.

Саскија била љубовта на неговиот живот
На 6 јуни 1633 година, Рембрант се свршил со Саскија, братучетка на неговиот деловен партнер Хендрик Ајленбург. Натписот на портретната слика од Саскија неколку дена по нивната свршувачка гласел: „ова е нацртано по мојата сопруга, кога имала 21 година, третиот ден од нашата свршувачка“.
Саскија родила четири од петте деца на Рембрант, иако три од нив починале уште во детството. Таа починала во 1642 година, веројатно од туберкулоза, што го поттикнало Рембрант да создаде некои од своите најуспешни дела: темни портрети на неговата болна и покојна сопруга.
По смртта на Саскија, тој добил дете, Корнелија, со неговата поранешна слугинка Хендрике Стофелс, која подоцна станала негова сопруга според обичајот. Корнелија била единствениот жив член на непосредното семејство на Рембрант во времето на неговата смрт.


