ВИДЕО | Сите ја сакаме, но малкумина ја знаат мрачната инспирација зад моќната балада на Бони Тајлер
Во 76-та година од животот почина британската рок-легенда Бони Тајлер.
Препорачано
Велшката пејачка кон крајот на април беше итно оперирана во Алгарве, во Португалија, поради перфорација на цревата, по што беше во кома. Пред неколку недели се разбуди од кома, но нејзиниот менаџер соопшти дека нејзината состојба сè уште е сериозна и таа се наоѓаше на интензивна нега во болница во португалскиот град Фаро.
Нејзиниот најголем хит „Total Eclipse of the Heart“ е една од најпознатите моќни балади од осумдесеттите, а приказната што стои зад неа е особено интересна затоа што првично не била замислена како класична љубовна песна.
Песната во 1982 година ја напишал Џим Штајнман, чии песни изобилувале со големи емоции, мрачна атмосфера и драматични текстови. Штајнман ја создал песната под влијание на готската атмосфера на „Носферату“ и ја опишувал како своевидна „вампирска љубовна приказна“. Како што самиот кажал, насловот на песната е метафора – целосно затемнување на срцето, момент кога човек останува без светлина поради емоционална болка, приказна за нешто толку силно што продолжува да те прогонува и кога веќе го нема.
„Имав визија за жена која лежи на земјата и гледа во месечината како жртва. Еднаш работев на музика за познатиот филм ‘Носферату’ на Мурнау и отсекогаш знаев дека вампирите би биле идеална тема за опера или мјузикл. Всушност, ја напишав ‘Total Eclipse of the Heart’, веројатно мојата најуспешна песна досега, како почит кон Носферату“, рече Штајнман.
„Нејзиниот оригинален наслов беше ‘Vampires in Love’ (во превод: ‘Вљубени вампири”. Ако некој ги слуша стиховите, тие навистина звучат како вампирски реплики. Сè е за темнината, моќта на темнината и местото на љубовта во таа темнина…“, рече Штајнман во интервју за „Плејбил“ за вклучувањето на песната во неговиот мјузикл „Танцот на вампирите“ (Dance of the Vampires) од 1997.
Кога Бони Тајлер првпат ја слушнала „Total Eclipse of the Heart“, сфатила дека пред неа е нешто посебно.
„Тукушто потпишав договор со ‘Сони’ и сакав да преминам од кантри-рок кон рок. Го видов Мит Лоаф на Би-би-си како ја изведува ‘Bat Out of Hell’, па му кажав на Муф Винвуд дека сакам да работам со Џим Штајнман, кој ги напиша песните и го продуцираше албумот на Мит Лоаф. Муф ме погледна како да сум луда и ми рече дека Џим никогаш нема да се согласи. ‘Само сакам да го прашаш’, му реков“, откри Бони Тајлер во интервју за „Гардијан“.
На Штајнман му се допаднал гласот на Бони, па три недели подоцна таа и нејзиниот менаџер отишле во неговиот стан во Њујорк.
„Се вративме пресреќни – се запознавме со Џим Штајнман! – а три недели подоцна повторно нè повика кај него. Тој свиреше на пијано, додека Рори Дод ја пееше „Total Eclipse of the Heart“ за мене. Веднаш сфатив каква неверојатна песна е тоа“, се присети Бони во интервјуто.
Интересно е што Штајнман првично размислувал песната да биде дел од мјузикл, а не хит за радио. Но, кога ја слушнал Бони Тајлер со нејзиниот препознатлив рапав и емотивен глас, сметал дека таа е совршениот избор. Нејзиниот вокал ѝ дал на песната дополнителна драматичност – чувство дека некој пее од длабока болка.
Музичката легенда Бони Тајлер по итна операција се наоѓа во вештачка кома
Музичката легенда Бони Тајлер по итна операција се наоѓа во вештачка кома


