Монтажа: Слободен печат

ВИДЕО | Серискиот убиец од Кумановско е единствениот во регионот што убивал поради некрофилија, тврди обвинителот

Заврши првото судско рочиште каде на обвинителна клупа седна 25-годишниот Трајко Бојковски. Обвинет е дека убил четири жени во Кумановскиот Регион во период од повеќе од една година, а Обвинителството тврди дека главниот мотив бил некрофилија, односно да ги задоволи ниските страсти врз мртви тела. Следното рочиште е закажано за 31 август во Кумановскиот кривичен суд.

Денеска обвинителот Љубомир Лапе, по завршувањето на судењето изјави дека овој случај го прави специфичен тоа што е единствен во регионот во судската пракса, каде сериски убиец бил доминантно мотивиран од некрофилија. Во светската пракса имало неколку такви случаи, кои Обвинителството ги искористило да ја постави теоријата на случај. Мотивот, рече тој, ќе го докаже преку обдукциските наоди, психијатриското вештачење и сведочењата на двете преживеани жени.

Запрашан дали во текот на истрагата Обвинителството добило признание на вина од Бојковски, обвинителот рече дека не би можел да одговори на тоа додека не се изведат доказите во процесна смисла.

За докторите коишто не знаеја да проценат дека смртта на некои од жените била насилна, па тие биле закопани како да починале од природна смрт по што следуваше ексхумација – има предмет во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Некрофилијата е доминантен мотив на Трајко Бојковски, тврди обвинителот – тој не признава вина иако неговиот адвокат најави дека ќе признае

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот