Граничен премин Ќафасан / Фото: МИА / архива

По Србија и Косово, заеднички гранични контроли наскоро и со Албанија — МВР тврди дека ќе се намали чекањето на граница

Заедничките гранични контроли „One Stop“ денес веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Република Албанија го заокружуваме процесот на воспоставување на овој современ систем со сите наши соседи кои не се дел од Шенген зоната, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Со имплементацијата на ‘One Stop’ системот, граѓаните добиваат едно застанување, една гранична контрола и значително пократко време на чекање, а државите добиваат поефикасно управување со границите, поголема безбедност, повеќе трговија, туризам и регионална поврзаност“, велат од МВР.

Според МВР, веќе се гледаат резултатите од системот. На Табановце, велат оттаму, и покрај тоа што ова лето бројот на патници е зголемен за 15 до 20 проценти, времето на чекање е значително намалено.

„Истото го овозможивме и на Блаце – Елез Хан, а со пуштањето во употреба на системот на Јажинце – Глобочица ја заокруживме имплементацијата на заедничките контроли со Република Косово. Потпишаниот договор со Република Албанија е следниот важен чекор. Наскоро и таму ќе воспоставиме ‘One Stop’ систем, со што Македонија ќе стане една од првите земји во регионот што ќе има ваков модел на заеднички гранични проверки со сите соседни држави надвор од Шенген зоната“, рекоа од МВР.

МВР вели дека се работи за инвестиција во побрза комуникација меѓу луѓето, посилна економска соработка, поголема мобилност и уште побезбедни граници.

Македонија и Албанија воведуваат заеднички гранични премини и гранични контроли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот