Депонија? Фото: Граѓани од Ченто

Граѓани од Ченто на мака: ѓубрето од селата во Гази Баба се собира еднаш неделно, а шест дена се фрла кај контејнерите на последна 45-ка

Купишта ѓубре, шут, стари гуми, душеци, отпад од домаќинствата завршуваат околу овие контејнери од сите околни села. Ситуацијата е најлоша преку лето, кога температурите се високи и кога низ целата населба се шири ужасна смрдеа. Просторот е и потенцијален извор за зараза особено поради тоа што ѓубрето од депонијата понатаму го расфрлаат и разнесуваат уличните животни.

Со години ниту јавното комунално претпријатие ниту Општина Гази Баба не се обидува да го реши проблемот со кој секојдневно се соочуваат граѓани од Ченто кои живеат во зградите кај последна 45-ка.

Тие денот го започнуваат и завршуваат со поглед кон депонија, која е раширена околу контејнерите поставени по неколку за зградите од едната страна на главната улица во населбата и неколку за станбените објекти од другата страна.

Како што велат, ѓубрето од контејнерите „Комунална хигиена“ редовно го собира, но не е така и со огромната депонија околу контејнерите, која повремено ја зачистуваат екипи на општинското или на градското комунално претпријатие. И за ден-два состојбата е повторно иста.

Купишта ѓубре, шут, стари гуми, душеци, отпад од домаќинствата завршуваат околу овие контејнери од сите околни села. Како што објаснуваат жителите, луѓето си доаѓаат од селата со коли, па дури и со комбиња, и исфрлаат тука цели вреќи со отпад или делови од стар мебел, гранки од нивите и градините и што уште не.

Во руиниран објект во Капиштец, полн со ѓубре и смрдеа, се населија бездомници, сега и коњи пасат наоколу

Ситуацијата е најлоша преку лето, кога температурите се високи и кога низ целата населба се шири ужасна смрдеа. Покрај тоа, просторот е и потенцијален извор за зараза особено поради тоа што ѓубрето од депонијата понатаму го расфрлаат и разнесуваат уличните животни.

Со години очигледно не се најде решение за собирање на ѓубрето од селата кое буквално ни го истураат пред зградите. Од паркчето кое постоеше помеѓу контејнерите кои се поставени покрај улицата и нашите згради веќе нема ништо. Сето е исушено, преполно со ѓубре, навечер кучиња и мачки ги кинат кесите и уште толку го разнесуваат отпадот. Ужасно е, ужасно! И никому не му е гајле за тоа. Да беа загрижени од Општината досега ќе најдеа начин да се регулира собирањето отпад од селата. Ама вака им е најлесно, прави се како проблемот да не постои и не се грижи што некои граѓани се принудени да живеат во нечистотија и смрдеа, вели жителка на Ченто.

Фото: Слободен печат

Обврска да го собира отпадот и од градот и од приградските села има ЈП „Комунална хигиена“. Оттаму велат дека се запознаени со овој проблем и дека активностите за собирање и транспорт на отпадот од нивна страна се одвиваат без застој, согласно динамиката предвидена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје.

ЈП „Комунална хигиена“ нема ингеренции да врши инспекциски надзор ниту пак да ги санкционира лицата што отпадот го исфрлаат непрописно и на несоодветни локации. Дивата депонија што се создава на оваа локација како резултат на непрописното одлагање отпад, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ ја имаат расчистувано во повеќе наврати, a такви активности реализирале и екипите на Општина Гази Баба, велат од претпријатието за „Слободен печат“.

На три локации низ Скопје вчера нелегално биле исфрлени шут и кабаст отпад, Градот најави казни за сторителите

На прашањето со која динамика се собира отпадот од домаќинствата од околните села и дали има начин и дали се планира проблемот со кои се соочуваат жителите од овој дел на Ченто да се намали со почесто собирање на ѓубрето, од „Комунална велат“ велат дека собирањето е еднаш неделно.

ЈП „Комунална хигиена“ е задолжено за собирање и транспорт на  комуналниот отпад од околните села на посочената локација, што се врши согласно однапред утврдената динамика – еднаш во неделата. Во изминатиот период и овие активности се одвиваа редовно и без никаков застој, тврдат од претпријатието без да одговорат дали планираат да ја зачестат динамиката на собирање.

Тоа што претпријатието е запознаено со проблемот не значи дека работи на негово решавање. Собирање на ѓубре еднаш неделно е премалку со оглед на фактот дека низ Скопје контејнерите се празнат секојдневно, па до наредниот ден веќе се прелеваат од отпад.

Крајно време е и од Општината да се позанимава со  овој проблем, затоа штоо и жителите кај последна 45-ка во Ченто имаат право на чиста околина, како и секој друг граѓанин на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот