ВИДЕО | Макрон се изрезили среде Анкара – тргна да ѝ ја бакне раката на сопругата на Ердоган, но таа ја повлече

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во непријатна ситуација за време на официјалниот прием во Анкара, откако турските медиуми објавија снимка од неговото поздравување со сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган.

Според турскиот портал „Хаберлер“, Макрон, при пристигнувањето во Претседателскиот комплекс, се наведнал кон Емине Ердоган, по што таа ја повлекла раката. Турските медиуми тврдат дека францускиот претседател сакал да ѝ ја бакне раката, но гестот не бил прифатен.

Макрон во Анкара пристигна за учество на 36. самит на НАТО. Тој присуствуваше и на гала вечерата организирана за шефовите на држави и влади, како и за нивните сопружници.

На влезот во Претседателскиот комплекс, гостите ги пречекаа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган. Токму таму, според објавените снимки, се случил моментот што брзо почна да се споделува на социјалните мрежи.

Ердоган и неговата сопруга беа домаќини на приемот и свечената државна вечера за лидерите на земјите членки на НАТО и нивните сопружници. На настанот присуствуваа лидерите на 32-те земји членки на Алијансата, како и претставници на партнерските држави од Индо-Пацификот – Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, заедно со други поканети високи функционери.

Пред главната зграда на Претседателскиот комплекс, Ердоган и Емине Ердоган лично ги поздравија гостите, по што беше направена заедничка фотографија. На неа Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон стоеја од десната страна на турскиот претседател и неговата сопруга, додека американскиот претседател Доналд Трамп беше поставен од нивната лева страна.

За време на приемот била послужена традиционална турска кујна, а гостите биле пречекани со настап на Воениот оркестар на Турските вооружени сили.

„Знаете ли кој носи очила за сонце во затворено?“ – Макрон предизвика шеговити коментари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот