„Знаете ли кој носи очила за сонце во затворено?“ – Макрон предизвика шеговити коментари
Францускиот претседател Емануел Макрон деновиве водеше состанок во Елисејската палата носејќи темни очила, а потоа се почувствува должен да го објасни невообичаениот потег, пишуваат медиумите.
Препорачано
„Ве молам простете за овие очила, кои се поврзани со мал проблем. Ќе морам да ги носам некое време, па ќе мора да ме трпите во оваа состојба“, рече Макрон.
Еден ден претходно, Макрон се појави со црвенило на десното око на новогодишното обраќање до вооружените сили на земјата во воената база Истр (Буш-де-Рон).
„Тоа е само мала работа. Сметајте го како референца на „окото на тигарот“. За оние кои не ја разбраа референцата, тоа е знак на решителност“, се пошегува тој.
Тој алудираше на насловот на популарната песна од американскиот рок бенд Survivor од филмот „Роки III“ од 1982 година со Силвестер Сталоне.
Канцеларијата на францускиот претседател не откри, ниту пак појасни за каква состојба на окото на Макрон станува збор. Ова, заедно со целата ситуација со темните очила, предизвика низа шеговити коментари на социјалните мрежи. На „Икс“, еден корисник коментираше со познатата изрека, популаризирана меѓу другите и од американскиот комичар Лери Дејвид: „Знаете ли кој носи наочари за сонце во затворено? Слепите луѓе и шу*ците“.
https://www.slobodenpecat.mk/video-brizhit-makron-kako-didzhejka-zastana-zad-gramofonite-na-zabava-za-deca-vo-diznilend-pariz/


