Емануел Макрон со отечено и црвено око - Извор ЕПА

Макрон со црвено око на годишното обраќање пред француските војници

Францускиот претседател Емануел Макрон се појави со црвено и отечено око на своето традиционално годишно обраќање пред припадниците на француската армија, одржано во воената база Истрes на југот на Франција. Макрон уште на почетокот го објасни својот изглед, нагласувајќи дека станува збор за безопасен проблем, пренесуваат медиумите.

„Ве молам извинете го мојот изглед. Ништо сериозно сфатете го како ненамерна референца на Окото на тигарот“, изјави Макрон, алудирајќи на познатата песна од филмот „Роки 3“, додавајќи дека тоа за него е „знак на одлучност“.

Во говорот, Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна во Европа“ и повика на нејзино понатамошно јакнење и забрзување на модернизацијата. Тој најави дека Франција планира да го помести рокот за зголемување на одбранбениот буџет на 64 милијарди евра од 2030 на 2027 година, при што 3,5 милијарди евра за забрзано вооружување би биле достапни уште оваа година.

Во контекст на војната во Украина и зголемените тензии околу Арктикот, Макрон предупреди на „нов колонијализам“ кој се појавува на глобалната сцена и истакна дека Европа мора сама да ја гарантира својата безбедност. Тој потврди дека француски војници веќе се распоредени на Гренланд во рамки на заедничка европска мисија за зајакнување на арктичката безбедност.

Францускиот претседател повторно повика на европска стратешка автономија и нагласи дека француското нуклеарно одвраќање е „најнезависно во Европа“, бидејќи не зависи од поддршка од САД, за разлика од британскиот систем.

„Историјата не простува неподготвеност и слабост“, порача Макрон, повикувајќи ги европските земји да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност во, како што рече, „сè побрутален свет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот