ВИДЕО | Инцидент на годишнината од атентатот врз Хитлер: Потомок на познатиот антифашист се обиде да го отстрани венецот од АФД
На вчерашната комеморација во Берлин по повод 82-годишнината од неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер, потомокот на Дитрих Бонхефер се обиде да отстрани венец од крајно десничарската партија АфД, објави Шпигел.
Препорачано
Bei der Gedenkfeier zum 20. Juli setzte Tobias Korenke, Angehöriger der Widerstandskämpfer Klaus & Dietrich Bonhoeffer, ein Zeichen gegen die Vereinnahmung des Gedenkens durch die AfD. Er versuchte, den Kranz der AfD zu entfernen, wurde jedoch von Sicherheitskräften gestoppt. pic.twitter.com/vNHuEmW7Vq
— Nurder Koch (@NurderK) July 20, 2026
Тобијас Коренке, правнук на протестантскиот пастор и теолог Дитрих Бонхефер, се обидел да го отстрани венецот на парламентарната група Алтернатива за Германија од местото каде што биле погубени главните учесници во заговорот од 20 јули 1944 година. Во инцидентот интервенирало обезбедувањето, а венецот бил оштетен во гужвата.
„Многу потомци, вклучувајќи ме и мене, чувствуваат навистина голем гнев кога ја гледаат АфД како положува венци тука. Ние нема да го прифатиме тоа“ рече Коренке.
АфД, која беше втора на минатогодишните федерални избори во Германија и сега е најголемата опозициска партија, ги отфрла обвинувањата за екстремизам.
Парламентарната група на АфД потврди дека обезбедила венец за комеморацијата. Претставникот на АФД, Гец Фроминг, изјави дека партијата била поканета на такви официјални собири како една од партиите претставени во германскиот парламент.
Полковникот Клаус фон Штауфенберг се обидел да го убие Хитлер со куфер-бомба на 20 јули 1944 година во тогашна Источна Прусија, но Хитлер преживеал откако куферот бил преместен на ногарката од маса, што го ублажило влијанието на експлозијата. Заговорот пропаднал штом се проширила веста дека е жив, а Штауфенберг и неговите соработници биле погубени неколку часа подоцна. Бонхефер, кој бил поврзан со заговорниците, бил погубен во 1945 година.
Комеморацијата се одржа вчера како што беше планирано со говор на министерката за образование, Карин Приен.
Карл фон Штауфенберг, внукот на Клаус фон Штауфенберг, рече дека АФД се обидува да го искористи сеќавањето на неговиот дедо, но додаде: „Ние сме демократи… мора да се погрижиме да им дозволиме да зборуваат и луѓето што размислуваат поинаку“.


