Фото: Скриншот / Јутјуб / Никушор Дан

Погоден брод блиску до романскиот брег — Букурешт го впери прстот кон Русија

Романскиот претседател Никушор Дан соопшти дека спасувачките служби на земјата го евакуирале екипажот на погодениот брод, а имало и тројца повредени.

Брод под либериско знаме, кој пловел од Египет кон Украина, бил погоден во близина на романскиот брег во напад што најверојатно е поврзан со руската војна против Украина, изјави денеска романскиот претседател Никушор Дан.

Романските власти соопштија дека руски и украински беспилотни летала годинава повеќепати навлегувале во воздушниот простор и во територијалните води на Романија, членка на Европската Унија и на НАТО што граничи со Украина.

„Минатата ноќ, бродот за превоз на течен нафтен гас ‘Гас Лисабон’, кој плови под либериско знаме, беше погоден надвор од романските територијални води, приближно 20 наутички милји, односно 40 километри, од романскиот брег“, напиша Дан на платформата „Икс“.

Тој соопшти дека романските спасувачки служби го евакуирале екипажот, меѓу кој имало тројца повредени. Испратен бил и брод-тегнач за да се спречи неконтролирано движење на погодениот брод и загрозување на пловидбата.

„Државните институции се во состојба на готовност и ќе ги утврдат околностите, причините и одговорноста за овој сериозен инцидент, кој најверојатно е дел од незаконската агресорска војна на Руската Федерација против Украина“, изјави Дан.

Русија, која ја почна целосната инвазија врз Украина во 2022 година, досега или негираше одговорност за пријавените напади врз Романија, или тврдеше дека ги извршила Украина, или, пак, ги припишуваше на украинска „провокација“.

Новиот британски премиер Барнам разговараше со Мерц за Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот