Новиот британски премиер Барнам разговараше со Мерц за Украина
Новоназначениот британски премиер Енди Барнам и германскиот канцелар Фридрих Мерц во телефонски разговор вчера се договориле да ја продолжат тесната соработка меѓу двете земји и да го забрзаат спроведувањето на Кенсингтонскиот договор, соопштија германската и британската влада.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Договорот, кој претставува билатерална спогодба за пријателство, беше потпишан во Лондон на 17 јули 2025 година од Мерц и од претходникот на Барнам, Кир Стармер.
Во врска со руската војна против Украина, двајцата лидери се согласиле да продолжат со сеопфатната поддршка за Киев и да го зголемат притисокот врз Русија, наведе германската влада. Тие остануваат посветени и на сериозни преговори за постигнување праведен и траен мир.
Претходно во понеделникот, Барнам телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Мерц во текот на денот му ја честиташе функцијата на Барнам и го покани наскоро да го посети Берлин.
Енди Барнам застанува на чело на Британија: што го чека „кралот на северот“?
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
20мин
-
26мин
-
31мин
-
32мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


