Фирми може да земат кредит од 5.000 евра со камата од еден процент за секое ново вработување
Агенцијата за вработување денес објави оглас за отворање на нови работни места во правни субјекти (микро, мали и средни претпријатија) кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства.
Препорачано
Правните субјекти може да добијат кредит во износ од 5.000 евра за секое новоотворено работно место, без ограничување на бројот на лица кои може да ги вработи. Рок на враќање на средствата е четири години со вклучен грејс период од една година, а каматна стапка е еден процент на годишно ниво,
Пријава за учество во овој Проект може да достави фирма кој е регистриран најмалку 6 месеци, има најмалку еден вработен на денот на аплицирањето и не го намалил бројот на вработените лица во последните три месеци пред денот на аплицирањето.
„Правниот субјект кој ќе вработи невработено лице со полно работно време, има обврска да го задржи на работа најмалку три години од денот на засновање на работниот однос. Доколку дојде до прекин на работниот однос, работодавачот е должен на негово место да вработи друго невработено лице со полно работно време кое ги исполнува условите од Проектот, во спротивно треба предвремено да го врати кредитот во целост“, пишува во огласот.


