Тој што купувал злато во 2000 година, сега е богат
Цената на златото на светскиот пазар се зголемила 12 пати од крајот на минатиот век до крајот на 2025 година, изјави Антонина Левашенко, раководител на Лабораторијата за анализа на најдобри меѓународни практики на рускиот институт „Гајдар“.
Препорачано
-Ако ги споредиме цените на металите на самиот крај на 20 век, односно во 2000 година, со крајот на 2025 година, врз основа на статистиката на Светската банка, гледаме дека повеќето клучни метали поскапеле, но златото најмногу – дури 12 пати – изјави Левашенко за Спутник.
Таа истакна дека во истиот период цената на бакарот се зголемила за 5,87 пати, на железната руда за 3,39 пати, на никелот за 1,71 пати и на алуминиумот за 1,66 пати. Левашенко нагласи дека зголемувањето на цените на металите во 21 век било под влијание на „општото зголемување на потрошувачките цени во светот“, зголемувањето на „трошоците за експлоатација и преработка на руда“, зголемувањето на цената на „енергијата и опремата“, како и промените во „курсот на американскиот долар“.
Таа, исто така, спомена дека движењето на цените на индустриските метали било значително под влијание на кризите на финансискиот пазар, особено во текот на 2008-2009 и 2019-2020 година, како и „промените во понудата и побарувачката“.
Според аналитичарката, флуктуациите на цените на нафтата и другите енергетски производи, исто така, имаат значително влијание врз цените на металите. Во моментов, цената на златото се движи околу 4.000 долари за унца.


