НБРМ - Народна банка / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Граѓаните штедат, но и се задолжуваат, растат депозитите, но и станбените кредити

Во јуни 2026 година продолжи растот и на штедењето и на кредитирањето во земјава. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека паричната маса, депозитите и кредитите бележат солиден годишен раст, додека најголемата побарувачка кај граѓаните и натаму е за станбени и потрошувачки кредити.

Паричната маса во јуни се зголемила за 1,8 проценти во однос на мај, а на годишно ниво растот достигнал 9,7 проценти. Според Народната банка, ваквото движење главно се должи на зголемените депозитни пари, краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години.

Паралелно со растот на штедењето, продолжува и силната кредитна активност. Вкупните кредити во јуни достигнале речиси 591 милијарда денари, што е за 1,4 проценти повеќе од претходниот месец и за 13,1 процент повеќе на годишно ниво.

Уште посилен раст бележат станбените кредити. Тие се зголемиле за 1,6 проценти во однос на мај и за високи 16,6 проценти на годишно ниво, достигнувајќи речиси 118 милијарди денари. Овие податоци потврдуваат дека интересот за финансирање на купување недвижности останува силен и покрај повисоките трошоци за живот.

Повеќе се земаат кредити, отколку што растат депозитите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот