Сопственик на ресторан во Хрватска нападна гости / Фото: принтскрин / видео/ Индекс.хр

ВИДЕО | Агресивен сопственик на ресторан во Хрватска нападна гости — со дрвени кутии удираше детска количка

Сопственик на ресторан во хрватскиот град Примоштен е уапсен откако од неразбирливи причини агресивно нападнал гости кои седеле во соседниот локал, пренесуваат хрватските медиуми. Според информациите, по видеото од инцидентот, кое брзо се проширило на интернет, полицијата веднаш го уапсила.

Од полицијата информираат дека во тек е кривична истрага за да се утврдат сите околности на инцидентот.

Општината Примоштен денес објави видео од инцидент од стариот центар на градот во кој, како што тврдат во општината, повикувајќи се на изјавите на загрижените мештани, учествувал Анте Лукета, сопственик на ресторанот „Рудина“. Според мештаните, инцидентот бил насочен кон гостите на соседниот ресторан.

На видеото може да се види маж како носи две дрвени кутии со натпис „Ресторан Рудина“, а потоа со нив удира во детска количка, во тесна улица пред гостите на друг локал. Еден човек станува и оди кон него, а снимката тука запира.

Примоштен издаде официјално соопштение во кое остро го осудуваат ваквиот испад и ги повикуваат надлежните институции веднаш да реагираат.

„Остро осудуваме секаков облик на агресивно, заканувачко или несоодветно однесување кон гостите на угостителските објекти, особено кога таквото однесување може да ја загрози безбедноста на луѓето. Доколку видеото верно го прикажува она што се случило, тоа е однесување кое предизвикува сериозна загриженост и бара итна проверка на сите околности од страна на надлежните институции“, велат од општината.

Тие истакнуваат дека секој настан што може да доведе до безбедносна закана мора темелно да се истражи.

Трагичен епилог на големата потрага во Сава — хрватските служби најдоа три тела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот