ВИДЕО | Во Албанија полициски дронови ќе „ловат“ сообраќајни прекршоци
Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што очекува да се намалат смртните случаи на патиштата за 45 отсто, пренесува Тема.
Препорачано
Според министерот Ламалари, „поради нечиj каприц, не треба да трпат оние што доцнат и се заглавени во сообраќајот“.
„Луѓе, ако мислите дека сте привилегирани и дека можете да правите што сакате во сообраќајот, притоа да ги задржувате и блокирате оние што ги почитуваат сообраќајните правила и граѓанските норми, само поздравете ги дронивте над вас и почекајте да ве пресретне најблиската полициска патрола со казната“, соопшти тој на Фејсбук.
Тој најави дека наскоро дроновите на државната полиција и смарт-камерите во рамките на системот „Паметен град“ („Smart City“) ќе бидат поставени на националните пристапни и главни патишта низ земјата.
„Затоа, почнете да се навикнувате на идејата дека правилата се тука за да се почитуваат од сите“, посочи Ламарали.
Албанија во преговори за производство на воени бродови и борбени дронови


