Албанија во преговори за производство на воени бродови и борбени дронови
Албанскиот министер за одбрана Ермал Нуфи објави дека албанската влада ја овластила албанската државна компанија за производство и трговија со оружје „КАЈО” да преговара и да склучува договори со две меѓународни компании за производство на бродови и борбени беспилотни летала во Албанија, пренесува Албанската радиотелевизија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нуфи ова го изјави по седницата на Влада, додавајќи дека двете компании со кои „КАЈО” ќе преговара се италијански, оценувајќи при тоа дека “овој чекор ќе биде поттик за воената индустрија на земјата, како и за создавање нови работни места”.
-Ова е историски чекор, бидејќи за првпат по толку години, во земјата се создадени услови за производство на такви средства. Одлуката беше дискутирана и на заедничкиот состанок на албанската и италијанската влада во ноември 2025 година,рече Нуфи.
Во април 2025 година „КАЈО” и италијанската бродоградбена компанија „Финцантиери” потпишаа договор за соработка, со што се означи почетокот на заедничките активности во поморската индустрија. Договорот вклучува производство на бродови во Албанија за потребите на албанската морнарица, но во иднина и за извоз.


