Судир на траект и брод на Крит / Фото: принтскрин / Јутјуб

ВИДЕО | Се судрија траект и товарен брод на грчкиот остров Крит

Траект се судри со товарен брод утрово во заливот Суда на грчкиот остров Крит, објави Прототема. Моментот од судирот е снимен и многу брзо се прошири на интернет.

Според првичните информации, траектот „Елирос“, кој испловувал од пристаништето и е во сопственост на компанијата „Анек Лајнс“, се судрил со товарниот брод „Иосиф К“, кој во тој момент влегувал во заливот.

Судирот се случил нешто по 10 часот по локално време. Во инцидентот нема повредени лица, ниту е забележано загадување на морето.

По несреќата, двата брода се вратени во пристаништето и им е забрането да испловат сè додека надлежните служби не ги завршат инспекциските проверки и не издадат потврди за нивната пловидбена исправност.

Причините за судирот засега не се познати, а надлежните органи спроведуваат истрага за околностите под кои дошло до инцидентот.

Трагичен епилог на големата потрага во Сава — хрватските служби најдоа три тела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот