Златко Перински / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Златко Перински е официјално назначен за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување.

Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси.

Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“, информираат од владината прес-служба.

Клековски му ги остави на Перински во аманет електронскиот рецепт и здравственото осигурување за малолетници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот