фото: ЗНМ

Вработен во Гостиварски театар нападнал новинар, ЗНМ бара итна истрага од полицијата

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) информира за вербален напад, упатени закани и обид за одземање на камерата на новинарот Блерим Мустафи од ТВ Глоби – Гостивар, кој, како што велат, извршувал професионални новинарски задачи при известување за настан од јавен интерес. ЗНМ го осуди инцидентот и бара реакција од надлежните.

„Според информациите доставени до ЗНМ, инцидентот се случил на 19 јули во Гостивар, кога лицето А.Л., вработен во ЈУ Гостиварски театар, вербално го нападнало новинарот, му упатило закани и се обидело да му ја одземе камерата. Случајот е пријавен во ОВР Гостивар, а како материјален доказ до надлежните органи е доставена и видео снимка од настанот“, велат оттаму.

ЗНМ потсетува дека секој напад, закана или притисок врз новинари претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде навремено и објективно информирана.

„Новинарите мора да можат непречено и безбедно да ја извршуваат својата професионална работа, без страв од заплашување или насилство. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи веднаш да постапи по пријавата, целосно да ги утврди сите околности на случајот и да преземе соодветни законски мерки против одговорното лице“, посочуваат од ЗНМ.

ЗНМ нагласува дека ќе продолжи внимателно да го следи развојот на овој случај и ќе биде во редовна комуникација со Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи, со цел, како што вели, да се обезбеди ефикасна истрага и соодветна кривично-правна разрешница, во согласност со законските одредби за заштита на новинарите.

Чадиковски: Обвинителството и МВР се бавни, нема одговор за запалените автомобили или за онлајн заканите врз новинарите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот