Арсенал тргнува по Џон Стоунс
Арсенал мора итно да реагира на трансфер-пазарот по сериозната повреда на Вилијам Салиба, а прва желба на лондонскиот клуб е искусниот англиски дефанзивец Џон Стоунс.
Препорачано
Французинот заработи повреда на грбот во полуфиналето на Светското првенство и се очекува да паузира околу пет месеци. Поради тоа, „топчиите“ започнаа потрага по нов стопер, а Стоунс се појави како идеално решение.
Според британските медиуми, Арсенал веќе започнал преговори со 32-годишниот дефанзивец, кој моментално е слободен агент по истекот на договорот со Манчестер Сити. Голем плус за трансферот е што клубот од Лондон нема да плати отштета.
Менаџерот Микел Артета е голем поддржувач на идејата, бидејќи одлично ги познава квалитетите на Стоунс од времето кога работеше како асистент на Пеп Гвардиола. Шпанецот ја цени неговата тактичка интелигенција, сигурноста со топка и можноста да игра на повеќе позиции во одбраната.
Стоунс зад себе има големо искуство и неодамна настапи за Англија на Светското првенство, покажувајќи дека и понатаму може да игра на највисоко ниво. Арсенал сака брзо да ја заврши зделката и да добие искусен играч кој веднаш би ја пополнил празнината по Салиба.


