Вода од чешма во Гостивар, Фото: принтскрин / читател на „Слободен печат“
Вода од чешма во Гостивар, Фото: принтскрин / читател на „Слободен печат“

„Слободен печат“ дознава: вода од 5-та категорија, која не се пие дури ни филтрирана, е подигната при истрагата во Гостивар

Една од четирите мостри што Институтот за јавно здравје ги подигна во Гостивар, откако Јавното обвинителство почна истрага за загадувањето на водоснабдителниот систем, била мостра земена од површинска вода од петта категорија – вода загадена на степен на канализација, која не би можела да се прочисти дури ни кога би постоела пречистителна станица и на ниеден начин по кој било правилник и закон, не би можела да стане вода за пиење, дознава „Слободен печат“ од свои добро упатени извори.

Таква вода е една од четирите мостри што беа испитани, но немаме потврда дали завршила во централната водоснабдителна мрежа на Гостивар.

Петтата (V) категорија на површински води во Македонија се однесува на многу загадени води со висок степен на оптовареност, кои според националната Уредба за класификација на површинските води не ги исполнуваат ниту основните еколошки стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот