Во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти во Гостивар, нема промени во клиничката слика

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент, поради здравствената состојба, бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар, Емри Бајрами, пренесе МИА.

Како што посочи Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а на Ургентниот центар 12 пациенти.

– Клиничката слика и понатаму се карактеризира со стомачни проблеми, а поретко со треска и покачена телесна температура – рече Бајрами.

Министерот за здравство Сашо Клековски вчера на прес-конференција соопшти дека од почетокот на епидемиолошката состојба биле евидентирани речиси 3.100 здравствени контакти преку Здравствениот дом, Општата болница, телефонските јавувања и интервенциите на Итната медицинска помош.

Клековски посочи дека првиот преглед бил извршен на 14 јули, а на 19 јули првпат било забележано намалување на бројот на приеми, што, според здравствените власти, претставува прв показател за стабилизирање на состојбата.

Само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле вода со фекалии, ИЈЗ Гостивар доставил извештај дека водата може да се пие!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот