Венко Филипче / Фото: СДСМ/Фејсбук

ВИДЕО | Филипче во Гостивар: Тука сме за да им помогнеме на гостиварци, а не да политизираме

Според Филипче, тоа што денеска се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и на целосниот институционален хаос.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Гостивар, од каде што порача дека во време кога „институциите потфрлаат, СДСМ е меѓу граѓаните за да им помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна“.

Според Филипче, тоа што денеска се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и на целосниот институционален хаос.

„Очигледно е дека со оваа власт на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група, повеќе нема прашање во сферата на политичката или моралната одговорност. Очигледно е дека се во прашање елементарните човекови права, граѓански права, тоа е правото на здравје и во тој контекст здравата почва, здравата вода“, рече Филипче.

Тој рече дека посетата на Гостивар нема за цел политизација на состојбата, туку конкретна поддршка за граѓаните кои се оставени сами да се справуваат со последиците од епидемијата.

„Нашата посета денес на Гостивар нема за цел да го политизираме прашањето, како што ВМРО сака да нè обвини. Имаме за цел да им помогнеме на неколку категории граѓани кои никој не ги прашува како се, дали им е потребна некоја помош и затоа со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категориии, на граѓани, постари луѓе, пензионери и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следните денови“, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните не смеат да бидат оставени сами во услови на ваква сериозна здравствена криза и дека институциите имаат обврска да работат во нивен интерес, а не да ја прикриваат сопствената неодговорност.

„Оставени во ваква ситуација, кога овој систем го менаџира само малата група на луѓе околу Христијан Мицкоски, граѓаните се оставени на себе да се справуваат со последиците од тој страшен систем“, рече Филипче.

Директорката Асани, осомничена дека ја загадила водата во Гостивар, се појави во судот со шише чиста вода во рацете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот