Премин „Влајко“/Фото: „Слободен печат“ - Методи Здравев

Центар за социјална работа треба да ги заживее канцелариите во „Влајко“

На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците изгласаа локалната самоуправа да го даде надземниот премин „Влајко“ во Влае на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје на времено користење без надоместок.

Вандализираниот и запуштен „Влајко“ можеби повторно ќе се обновува

Овој надземен премин беше пуштен во употреба во 2006 години, а речиси две децении подоцна, преминот е запустен и сериозно вандализиран, со расипани лифтови и уништени ескалатори.

Неговата изградба ја чинеше Општина Карпош 900 илјади евра, а дополнително во 2010 година на преминот беа поставени и лифтови како донација од УСАИД, како и ескалатори со надеж дека преминот ќе заживее.

Фото: „Слободен печат“ – Методи Здравев

„Влајко“ располага со 16 канцеларии кои беа користени како дуќани и четири помошни простории, а ова не е првпат како локалната самоуправа се обидува да му најде намена на овој скап и неискористен простор.

Општина Карпош неколкупати направи обид да ги продаде деловните простории изградени на мостот, но не успеа во тоа затоа што за нив немаше имотни листови. Состојбата не се промени и откако се реши проблемот со имотните листови. Во дел од деловните објекти беше отворен клуб за млади, а во 2018 година со одлука на Советот две деловни простории на преминот му беа дадени за користење без надоместок на Здружение на пензионери од Карпош.

Последно, Општината пред една година преку тендер ја ангажираше фирмата СГ Индустри Сервис ДОО – Скопје да направи инженерски испитувања на преминот „Влајко“, според кои се покажа дека на преминот има некакви сериозни проблеми и оштетувања.

Во овој случај, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи е обврзан да го користи објектот исклучително за вршење на дејностите од нејзина надлежност и согласно намената која е утврдена со оваа Одлука на Советот.

Првичните наоди од испитувањето на „Влајко“ не покажаа сериозни проблеми и оштетувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот