Клиника за гинекологија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ГАК транспарентно објави дека за бебешки работи од тендерот годинава се потрошени 457 илјади денари

Клиниката за гинекологија и акушерство на барање на „Слободен печат“ транспарентно ги достави до нашата редакција количините од бебешка облека, чаршафи, ноќници за родилки и други бебешки работи за кои има активен тендер, откако во јавноста три родилки споделија фотографии дека бебињата им биле дадени да ги видат во парталава облека со дупки. ГАК има активен тендер за набавка на бебешка облека, јорганчиња, ќебиња за бебе, долни чаршафи за детско креветче итн. Од одговорот произлегува дека според планот за јавна набавка за 2026 година, предвидена е набавка во август 2026 година.

Клиника за гинекологија и акушерство, тендер за бебешка облека и ноќници за родилки, повлечени количини по ставка, извор ГАК
Клиника за гинекологија и акушерство, тендер за бебешка облека и ноќници за родилки, извор ГАК

Податоците покажуваат дека во 2025/2026 година набавени се 30 бебешки јорганчиња во болницата, во износ од 100 евра. Набавени се 30 бебешки ќебиња за 12 илјади денари, 100 детски постелнини дезенирани со детски мотиви од минимум 80 проценти памук со 20 проценти полиестер, за 32 илјади денари. Набавени се 200 долни чаршафи за детско креветче за 24 илјади денари, 150 бебешки шпилхозни со долг ракав во дезенирани и светли бои од 100 проценти памук за 72 илјади денари, 200 бебешки бодиња со долг ракав за 64 илјади денари, 200 памучни бодиња со кратки ракави за 60 илјади денари, 110 ѕиври за 22 илјади денари, 2.000 тетра пелени за 150 илјади денари, 100 пара чорапчиња за новороденче за 100 евра, и 100 капчиња за новороденче во износ од 9 илјади денари.

Во набавката 2025/2026 од тендерот склучен во септември 2025, досега повлечена е количина од 153 ноќници за родилки, дезенирани со отвор во предниот дел на градите на врзување со краток ракав од стопроцентен памук, кои чинеле 120.870 денари.

Набавени се и 157 дезенирани ноќници со отвор со краток ракав за 116.180 денари.

ВИДЕО | Срамота е да биде „табу“ што жените во Македонија поминуваат низ постпородилна депресија

ВИДЕО | Срамота е да биде „табу“ што жените во Македонија поминуваат низ постпородилна депресија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот