Златко Далиќ веќе не е селектор на хрватската фудбалска репрезентација
На состанок во седиштето на Хрватската фудбалска федерација, досегашниот селектор на најдобрата хрватска репрезентација Златко Далиќ го информираше претседателот на федерацијата, Маријан Кустиќ дека ја напушта клупата по настапот на Светското првенство.
Препорачано
Далиќ ја заврши својата тренерска кариера како убедливо најуспешен и најдолгогодишен селектор во историјата на Хрватска.
Со националниот тим успеа да го освои сребрениот медал на Светското првенство во 2018 година и бронзениот медал на Светското првенство во 2022 година.
Покрај тоа, тој го освои сребрениот медал во Лигата на нации на УЕФА во 2023 година, а покрај Светското првенство во 2026 година, обезбеди и пласмани на ЕП 2020 и ЕО 2024.
– Селекторската улога во репрезентацијата бара многу тешки одлуки, но ова сигурно беше најтешка за мене. Секогаш велев дека нема поголема чест од водењето на својата репрезентација и дека не би можел да имам поважна, поодговорна и поубава работа од оваа. Кога ја презедов репрезентацијата, верував во квалитетот на играчите и во себе, но никогаш не се осмелив да сонувам дека ќе постигнеме сè што постигнавме во овие речиси девет години. Не можам да опишам колку сум горд на секоја победа, на пласманите на големите натпреварувања, на трите медали, на големите ноќи на хрватскиот фудбал како онаа кога ги победивме Англија или Бразил на Светското првенство, но најмногу од сè на единството што го постигнавме во тимот и со хрватскиот народ, што особено го видовме на тие незаборавни прослави по освојувањето на светските медали – рече Далиќ.
Хрватска на Мундијалот кој е во тек загуби во 1/16 финалето со 2:1 од селекцијата на Португалија.


