Норвешка/EPA/OLGA FEDOROVA

Норвежаните во проблеми пред дуелот со Англија — се разболеле по победата над Бразил

Норвешка се соочува со неочекувани проблеми во пресрет на четвртфиналниот натпревар против Англија на Светското првенство. Селекторот Столе Солбакен има причина за загриженост, откако дел од репрезентативците се пожалиле на здравствени проблеми и замор.

Според британските и норвешките медиуми, во националниот тим се регистрирани неколку случаи на болест, а дополнителен проблем претставуваат долгите патувања низ Северна Америка, кои оставиле трага врз фудбалерите.

По историската победа над Бразил, Солбакен им дозволил на играчите кратка прослава, но веднаш потоа почнале проблемите. Репрезентативците се жалат дека од стартот на Мундијалот постојано патуваат меѓу Бостон, Њу Џерси и Далас, што значително влијаело на нивната физичка подготвеност.

Ова не е првпат Норвешка да се соочи со вакви проблеми на турнирот. Напаѓачот на Кристал палас, Јорген Странд Ларсен, го пропушти првиот натпревар поради болест, додека Маркус Холмгрен Педерсен не беше во составот против Бразил поради вирусна инфекција.

И покрај сите потешкотии, во норвешкиот табор владее оптимизам. Избраниците на Солбакен веруваат дека имаат квалитет да ја елиминираат Англија и да обезбедат историски пласман во полуфиналето на Светското првенство.

Роналдо се испофали самиот себе: Португалија пред мене немаше освено трофеј

ВИДЕО | Хит сцена: Лукаку по голот за Белгија го имитираше танцот на Трамп

Роналдо се испофали самиот себе: Португалија пред мене немаше освено трофеј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот