За прв пат во историјата: Четвртфинале без трите најтрофејни репрезентации
За прв пат во историјата, четвртфиналето на Светското фудбалско првенство ќе се одржи без трите најтрофејни репрезентации на Мундијалите – Бразил, Германија и Италија.
Препорачано
Бразил беше елиминиран во осминафиналето против Норвешка, ова е прв пат по 36 години јужноамериканскиот претставник да биде запрен во оваа фаза од натпреварувањето.
Бразил е сè уште најуспешната репрезентација во историјата на светските првенства со пет титули, од кои последната ја освои во 2002 година на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија.
Селекцијата на Германија прва го заврши натпреварувањето, откако четирикратниот светски шампион загуби од Парагвај на пенали. Германците последен пат ја освоија титулата во 2014 година, кога ја победија Аргентина во финалето.
Третиот великан, Италија, не ни учествуваше на овогодинешното Светско првенство. Италијанците не успеаја да се квалификуваат на завршниот турнир откако беа поразени од Босна и Херцеговина во баражот. Италија ја освои последната од своите четири светски титули во 2006 година во Германија.
Така, четвртфиналето на Светското првенство во 2026 година ќе биде запаметено како прво во историјата без трите најуспешни репрезентации во историјата на светските првенства – Бразил (5 титули), Германија (4) и Италија (4).


