ВИДЕО | Халанд ги урна мундијалските соништа на Бразил, Нејмар погоди за утеха
Ниту со Карло Анчелоти на клупата Бразил не успеа да направи ништо повеќе и мундијалскиот сон за „кариоките“ завршува во осминафиналето против Норвешка.
Препорачано
Норвежаните предводени од Ерлинг Халанд „МетЛајф“ славеа победа од 2-1 и така се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство.
Тргна добро Норвешка и уште во почетните минути се тресеше мрежата на Бразил, сепак тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Бразил можеше да казни во 14-тата кога доби пенал, меѓутоа Бруно Гуиамреш лошо шутираше, па Ниланд го одбрани неговиот удар.
Во продолжение играта се смири, немаше толку шанси, двете репрезентации како повеќе да внимаваа на својот гол отколку што напаѓааа.
Таквата игра ја гледавме се до финишиот кога на сцена стапи Ерлинг Халанд. Прво одлично реагираше и по еден воздушен дуел во 79-тата минута го матираше Алисон. Само десет минути подоцна одлично се ослободи од својот чувар, си направи простор и со силен шут постигна гол за водство од 2-0. Бразилците не се откажаа и во последните секунди добија втор пенал кој како за утеха го реализираше Нејмар за негов вкупно деветти гол на Мундијалите.
Халанд со двата погодоци се израмни на врвот на листата стрелци на овој Мундијал со Меси и Мбапе со по седум гола. За Норвешка ова ќе биде мундијалско четвртфинале и во него ќе игра против подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Англија и Мексико кој се игра од два часот по полноќ.


