ФИФА го поништи црвениот картон на Балогун кој го доби против БиХ
Напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, ќе може да настапи во осминафиналниот дуел против Белгија на Светското првенство, откако Дисциплинската комисија на ФИФА ја поништи одлуката за неговата суспензија.
Препорачано
Балогун беше исклучен на натпреварот против Босна и Херцеговина по дуелот со Тарик Мухаремовиќ, но по дополнителната анализа комисијата оцени дека црвениот картон треба да биде поништен.
Според информациите на новинарот Бен Џејкобс, Белата куќа побарала од ФИФА повторно да го разгледа случајот, по што следувала одлуката за укинување на казната. Овој развој на настаните предизвика бројни реакции во јавноста, иако од Светската фудбалска федерација порачаа дека нивните дисциплински одлуки се носат независно и без надворешно влијание.
По конечната одлука, американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалните мрежи порача дека ФИФА „ја исправила неправдата“ и донела правилна одлука.
Осминафиналниот натпревар меѓу САД и Белгија е закажан во ноќта меѓу понеделник и вторник, со почеток во 2 часот по македонско време.
Don’t really get the obsession with slow motion in this case. You could show the ref this and it still looks nasty. The context of the action is what matters here not the speed of the video https://t.co/6CyO9cRYe5 pic.twitter.com/q9bX1qmotw
— Bd@irB@ll (@Bd_irB_ll) July 2, 2026
Ибрахимовиќ за натпреварот на Франција и Парагвај: Ако јас играв, некого ќе испратев болница


