фото: Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО | Пожар на „Јужен булевар“ — гори објект, пожарникарите се борат со пламените јазици

Додека пожарникарите го гаснеа пожарот, се слушна силна експлозија од објектот кој гори.

Голем пожар попладнево изби на „Јужен булевар“ кај Рампа, во центарот на Скопје.

фото: слободен печат

Според првичните информации, гори барака која се наоѓа на самиот булевар, а голем број пожарникари се уште се борат со пламените јазици.

фото: Слободен печат

Додека пожарникарите го гаснеа пожарот, се слушна силна експлозија од објектот кој гори.

фото: сллободен печат

На терен се и амбулантни возила, а се сечат и околните дрвја, затоа што целиот овој дел е полн со дуќани кои можат да бидат зафатени од огнот.

Густ облак од чад ги прекри околните згради, а вознемирени граѓани се на улица, стравувајќи за своите живеалиште.

 

Во едно деноноќие 17 пожари низ Македонија, 16 се изгаснати, едниот е под контрола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот