Насловна страница на „Културен печат“ број 338

Излезе „Културен печат“ број 338 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 338, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (4-5.7.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Николина Андова Шопова, добитничка на „Браќа Миладиновци“ на СВП 2026: Поезијата секогаш нè враќа на почетокот

– разговор со Мирко Радоњиќ, театарски режисер од Црна Гора кој постави претстава со театарот „Златен Елец“: Независната сцена ја дава најголемата слобода

– со „Д-Фестивал“ градот Штип стана фестивалска музичка престолнина на Балканот

– групата „Фолтин“ ја најавија најобемната јубилејна програма во својата историја под наслов „Фолтин 30 – три децении музичка слобода и жива врска со публиката“

– Фестивалот за критичка култура „Крик“ на 29 јуни во Музејот на современата уметност беше домаќин на најзначајниот, најпровокативниот и најактуелниот филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд

– Факултетот за ликовни уметности при УКИМ од 19 до 26 јуни ја организираше четвртата сесија на Летната школа „New art for(u)m“ во Лазарополе

– под водство на маестро Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор при МКЦ во текот на јуни оствари учества на два реномирани меѓународни фестивали

– од печат излезе книгата „Quo vadis, Професоре?“ (разговори во политичкиот етер со професор емеритус Димитар Мирчев) на Свето Стаменов

– Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп го објави најновиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ број еден за 2026 година

– во издание на „Или-Или“ излезе од печат книгата „Пустинско срце: Петнаесет години во Авганистан“ од Ана Пејчинова

– новата книга на поетесата Ирена Павлова Де Одорико е со наслов „Јас сум Живка“, а книгата излезе во издание на „Восток паблишинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот