Фото: EPA-EFE/WU HAO

Хамилтон ја освои пол-позицијата за спринт трката на Силверстон

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Велика Британија во шампионатот на Формула 1, продолжувајќи ја својата одлична форма по победата на Големата награда на Каталонија во Барселона.

Хамилтон ја освои пол-позицијата на патеката Силверстон со време од 1:28.376. Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, беше втор, 0,011 секунди зад Хамилтон, додека пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше трет, 0,321 секунди зад победникот во квалификациите.

Шарл Леклер од Ферари се квалификуваше на четвртото место, возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, петти, додека возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, завршија на шестото и седмото место.

Спринт-трката за Големата награда на Велика Британија ќе се одржи во сабота од 13.00 часот, а главната трка во недела од 16.00 часот.

Антонели води во генералниот пласман со 171 бод, по него следуваат Расел со 131 и Хамилтон со 125. Мерцедес води во тимскиот пласман со 302 бода, по него следуваат Ферари со 204 и Мекларен со 159.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот