Фото: Национална Пливачка Федерација

Успешен настап на македонските репрезентативци на пливачкиот Комен Куп

Нашите пливачи уште еднаш покажаа дека македонското пливање оди во вистинска насока, постигнувајќи лични рекорди и нов национален рекорд.

Првопласираниот Леонел Илиев, оствари лични рекорди во дисциплините 400 метри мешано (4:38.72 мин.), 400 метри слободно (4:09.98 мин.), 100 метри делфин (58.56 сек.) и 200 метри мешано (2:10.16 мин.) што претставува и нов кадетски рекорд на Македонија.

Илиев во дисциплината 200 метри мешано го подобри досегашниот кадетски рекорд на Македонија (2:10.24), кој го држеше Никола Ѓуретановиќ.

Михаил Алексовски во дисциплината 100 метри градно оствари време од 1:08.73 мин., а на 200 метри градно имаше време 2:32.40 мин. што е негов нов личен рекорд.

Даниел Милошевски во дисциплината 1500 метри слободно имаше време од 17:10.66 мин. што е негов нов личен рекорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот