Фото: mtftennis.mk

Ивановски против Бугаринот Милев во полуфиналето на турнирот во Скопје

Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian Open 2026 откако го совлада шестиот носител Александре Вајс од Италија со 2:0 во сетови 7:6 (5) и 7:6 (3).

Македонскиот тенисер во вториот сет успеа да надополни негатива од 4:1 во гемови и да направи целосен пресврт. Мечот на турнирот во Скопје траеше два часа и 40 минути.

Противник на Ивановски во полуфиналето в сабота ќе му биде Јанаки Милев од Бугарија, кој со 6:4 и 6:2 го совлада третиот носител Себастијан Соргер од Австрија.

Во второто полуфинале ќе играат Владислав Орлов од Украина и Стефан Поповиќ од Србија. Орлов во денешното четвртфинале беше подобар од Петар Јовановиќ од Црна Гора (6:0, 6:2), додека Поповиќ го совлада Николас Бруна од Чиле со 6:4 и 7:6 (2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот