Фото: EPA/Chema Moya

Јаник Синер се мачеше да стигне до третото коло на Вимблдон

Бранителот на титулата, Јаник Синер денеска се пласираше во третото коло на грен слем турнирот Вимблдон по тешката победа од 7:6 (4), 7:6 (2) и 6:4 над Нуно Боржеш.

Иако победи во три сета, светскиот број 1 мораше да се мачи против упорниот Португалец, кој двапати го одведе до тај-брејк и го принуди да даде сè од себе за да продолжи да го брани трофејот што го освои минатата година.

За место во осминафиналето, италијанскиот тенисер во петок ќе се сретне со Американецот Џенсон Бруксби, кој убедливо го победи Перуанецот Игнасио Бусе во три сета (6:2, 6:2, 6:3).

Успешно продолжува и Данил Медведев, кој по пресврт со 3:6, 6:3, 7:5 и 6:2 го елиминираше Шпанецот Даниел Мерида Агилар и во следната фаза ќе игра против победникот од мечот Брендон Накашима – Јан-Ленард Штруф.

Американецот Френсис Тиафо беше подобар од Французинот Теранс Атман со 7:6 И6), 6:1, 4:6 и 6:4 и негов следен ривал ќе биде Британецот Јан Хоински кој со 6:3, 7:5 и 6:2 го совлада Вит Коприва од Чешка.

Победа забележа и Италијанецот Флавио Коболи кој по три часа и 31 минута игра триумфираше против Аргентинецот Мариано Навоне со 1:6, 7:6 (5), 6:3 и 7:6 (8). Следен противник на Коболи ќе биде Џејмс Дакворт од Австралија кој со 6:4, 4:6, 7:5 и 6:4 беше подобар од Холанѓанецот Талон Грикспор.

Победа забележаа и М. Фучович, Х. Хурхач, Т. Пол, М. Женг, А. Молчан, Аа. Давидович Фокина и А. Риндеркнеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот