Фото: Тениска федерација на Македонија

Контроверзно: МТФ одржа прес-конференција додека Ѓорческа играше на Вимблдон

Историските моменти во спортот се ретки и заслужуваат целосно внимание. Токму затоа одлуката на Тениската федерација на Македонија да организира прес-конференција во истиот термин кога Лина Ѓорческа го имаше својот историски деби-настап на главниот турнир на Вимблдон предизвика бројни реакции во спортската јавност.

Во моментите кога најдобрата македонска тенисерка настапуваше на најпрестижниот тениски турнир во светот, Федерацијата промовираше ИТФ турнир – „Macedonian Open“ со награден фонд од 30.000 долари. Дополнително, распоредот на мечот на Ѓорческа беше познат неколку дена однапред, но терминот на прес-конференцијата не беше променет.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа: Пред натпревар го слушам Оливер Драгоевиќ

Федерацијата треба да биде најсилната поддршка на тенисерите кои ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена. Ваквите моменти се можност целото внимание да биде насочено кон успехот на спортистите, а не кон паралелни промотивни активности.

Лина Ѓорческа го направи своето – ја претстави Македонија на најголемата тениска сцена. Останува прашањето дали институцијата што треба најмногу да стои зад неа го направи истото.

Ѓорческа загуби, но доби пофалби од Анисимова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот