Калин Ивановски/mtftennis.mk

Ивановски: Настапот на Лина на Вимблдон ми дава инспирација и на мене

За време на настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон се случи и еден контроверзен момент со одржувањето на прес-конференција по повод турнирот Macedonian Open токму во истиот термин кога нашата најдобра тенисерка играше против Анисмова, меч кој го загуби со 2-0 во сетови (6-3, 6-2).

На оваа прес-конференција Ивановски не криеше дека историскиот настапн на Ѓорческа во сингл конкуренција на еден од најголемите грен-слем турнири е инспирација и за него.

– Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Јас кога игарв на јуниорскиот ми се исполни сонот и целта ми е да настапам и на сениорски турнир и навистина тоа е голем турнир и со тоа успех на Лина и мислам дека направи резултат, изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.

Ивановски во 2022 година беше дел од Вимлбдон во младинска конкуренција.

Контроверзно: МТФ одржа прес-конференција додека Ѓорческа играше на Вимблдон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот