Марез „потврди“ дека натпреварот Алжир-Австрија е наместен: „Срамно е, но тоа е фудбалот“
Ријад Марез се најде во центарот на вниманието по спектакуларниот, но и контроверзен натпревар меѓу Алжир и Австрија, кој заврши 3-3 и им донесе пласман во осминафиналето на двете селекции.
Препорачано
Драмата кулминираше во завршницата, кога Марез постигна гол во 93. минута за водство на Алжир од 3-2. Со тој резултат, Австрија беше на чекор до елиминација, но само три минути подоцна следеше израмнување за 3-3, по што реакцијата на алжирската одбрана предизвика бројни сомнежи и реакции во јавноста.
Дополнителна полемика предизвикаа и изјавите по натпреварот, откако Марез со своите коментари остави впечаток дека исходот можел да биде однапред прифатлив за двете селекции. Тоа дополнително ги засили сомнежите за можен „премолчен договор“ околу резултатот.
🇩🇿🇦🇹 – Riyad Mahrez appears to admit to match manipulation in the Algeria vs. Austria game after saying:
“I had to respect the rules of the game and score against Austria, and I know it’s an embarrassing situation.” pic.twitter.com/LwJXfOhEMu
— Hamza El (@hamza_el_00) June 28, 2026
„Ја раширивме играта, а тие се повлекуваа. Но во последен момент некој ми ја протна топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку срамно, но така е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол. Знам дека беше срамно, но таков е фудбалот. Морам да го почитувам. Добро е за нив што на крајот постигнаа гол и продолжија понатаму. Двете репрезентации се пласираа понатаму и тоа е најважно“, изјави Марез.
Најголем губитник од разврската беше Иран, кој остана без пласман во нокаут-фазата.


