Мексико полиција/ Фото Архива на СП

Мексикански „Бетмен“ врзувал крадци за бандери и им цртал мачешки мустаќи

Полицијата во Мексико трага по самопрогласен одмаздник, кого медиумите го нарекоа „Бетмен“, бидејќи бркал осомничени крадци и ги врзувал за бандери, објави „Њујорк пост“.

Најмалку пет мажи биле пронајдени врзани со селотејп за улични столбови во период од 10 дена, почнувајќи од 13 јуни, во областа Лагос де Морено, во сојузната држава Халиско.

Наводните крадци на лицата имале нацртани мачешки мустаќи, а на некои им бил напишан и зборот „крадец“ на шпански.

Мистериозниот чувар на редот – кого мексиканските медиуми го нарекоа „Бетмен од Лагос де Морено“ – покрај врзаните луѓе оставал мотори за кои наводно се сомнева дека ги украле, со цел да ги покаже нивните дела.

Полицијата се обидува да го пронајде сторителот, изјави државниот секретар за безбедност, Хуан Пабло Ернандез.

Мажите биле ослободени и добиле медицинска помош за повредите. Засега не е познато дали се истражуваат за наводните кражби.

ВИДЕО | Вознемирувачка сцена во Бања Лука — татко го врзал синот за бандера и се карал со полицајци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот