Дуа Липа / Фото: Instagram / dualipa

Дуа Липа отвори библиотека за забранети и цензурирани книги во Португалија

Дуа Липа, која во 2023 година го основа својот клуб за книги „Сервис95“, сега соработува со библиотеката „Лело“ во Порто, Португалија, за да отвори физичка библиотека.

Библиотеката „Манифест“, која се отвори на 27 јуни, е посветена на книги „кои ја предизвикуваат моќта, цензурата, исклучувањето и доминантните наративи“, пренесуваат странските медиуми.

Во соопштение за медиумите, Липа ја нарече новата библиотека „партнерство од соништата“ и резултат на години на туркање напред на нејзината мисија.

– Кога го основав книжевниот клуб, мојата амбиција беше тој да стане дом за писатели и читатели, каде и да се и какви и да се нивните околности- рекла таа.

– Читањето на светот нè зближува – но за жал, не сите се за тоа. Тука ќе најдете сто книги што поставуваат прашања или се доведени во прашање. Некои се забранети од училишните окрузи поради теми на раса или сексуалност. Други, напишани за ЛГБТИК+ читатели, се ограничени од прикажување. Во некои случаи, авторот платил за своите зборови со својот живот – додала таа.

Таа изјавила дека библиотеката е светилиште за книгите што исчезнале, за авторите чија храброст ги разоткрива структурите на моќ и контрола и за читателите кои одбиваат да им се каже која книга им е дозволено да ја читаат.

Во новиот културен аудиториум на библиотеката „Лело“ се вклучени речиси 100 книги, секоја поврзана со четири клучни теми: моќ, контрола, глас и меморија.

Дуа Липа им исплатила вкупно 5.000 фунти на жителите на Палермо по протестите против нејзината свадба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот