Свети Стефан, Црна Гора - Фото: Wikimedia Commons/ Daniya.Mostovaya

На само неколку часа од Македонија — овие плажи се гаранција за чиста вода и безбедност со „сино знаме“ во Црна Гора

Вкупно 36 плажи во Црна Гора годинава го добија престижното меѓународно признание „Сино знаме“, кое се доделува на капалишта и пристаништа што ги исполнуваат највисоките стандарди за чистота, безбедност и заштита на животната средина, пренесува „Нова“.

Што значи „синото знаме“?

Оваа ознака е еден од најпрепознатливите симболи за квалитет во туризмот и таа е гаранција дека водата редовно се контролира, а плажите исполнуваат строги еколошки и безбедносни критериуми. Признанието секоја година го доделува меѓународна организација за еколошка едукација.

Првото „сино знаме“ за оваа сезона во Црна Гора свечено било подигнато на плажата кај хотелскиот комплекс во Луштица, со што официјално започна одбележувањето на добитниците за 2026 година, пренесува „Банкар“.

Претседателката на Националната комисија за доделување на признанието и претставничка на Министерството за туризам, Жана Брацовиќ, изјавила дека по повеќекратни проверки на документацијата било утврдено дека сите задолжителни услови се исполнети.

„По неколку контроли на потребната документација беше утврдено дека се исполнети сите задолжителни критериуми, па за престижното признание од меѓународната програма „Сино знаме“ беа предложени 36 плажи во Црна Гора, што во април беше потврдено и од меѓународното жири во Копенхаген. Програмата „Сино знаме“ е симбол на високите стандарди за заштита на животната средина, квалитетот на водата, како и за обезбедување соодветни санитарни и безбедносни услови на плажите и марините. Со исполнување на условите и добивањето на ова признание се придонесува за зачувување на животната средина и за развој на одржлив туризам.“

Кои плажи го добија признанието?

Најголем број плажи со „Сино знаме“ има во Будва – вкупно 18. Следуваат Улцињ со 11 плажи, Бар со четири, Тиват со две и Херцег Нови со една плажа.

Општина Херцег Нови

1. „Иберостар“ – Њивице

Општина Тиват

2. „Чеди“ – Луштица

3. „Плави хоризонти“ – залив Пржно

Општина Будва

4. „Биг брадер“ – Јаз

5. „Ес-Би-Ес“ – Јаз

6. „Ес и Ај Бич лајф“ – Јаз

7. „Посејдон“ – Јаз

8. „Тајм аут“ – Словенска плажа

9. „Дукли“ – Завала

10. „Долче вита“ – Бечиќи

11. „Сансет“ – Бечиќи

12. „Свети Тома 2“ – Бечиќи

13. „Самсара делукс“ – Бечиќи

14. „Галија“ – Црвена главица

15. „Пура вида“ – Дробни Пјесак

16. Плажа кај хотелот „Ананти“ – Дробниќи – Режевиќи

17. „Понта“ – Петровац

18. „Лучице“ – Лучице

19. „Бе пет“ – Буљарица

20. „Бриџ“ – Буљарица

21. „Назаре“ – Буљарица

Општина Бар

22. „Вела Бич“ – Чањ

23. „Центар“ – Сутоморе

24. „Бест сансет“ – Велики Пјесак

25. „Парадисо“ – залив Утјеха

Општина Улцињ

26. „Тони грил“

27. „Мајами“

28. „Европа“

29. „Саранда“

30. „Вајт Бич“

31. „Хилс“

32. „Ем-Си-Ем Бич“

33. „Кабо Бич“

34. „Хавана“

35. „Барбоса“

36. „Копакабана“

Гаранција за чисто море и безбеден одмор

Добивањето на „Сино знаме“ е значајно признание за туристичките работници и локалните заедници, бидејќи потврдува дека плажите ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди за квалитет, безбедност и грижа за природата.

За туристите, оваа ознака претставува дополнителна сигурност дека избираат дестинација со чисто море, уредена инфраструктура и соодветни услови за безгрижен и безбеден летен одмор.

ФОТО+ВИДЕО | Ова се десетте најубави плажи на Ситонија, Халкидики

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот