ВИДЕО | Жешкиот бран ја изгоре Европа, само во Франција има 1.000 мртви од горештините
Екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа однесе речиси 1.000 животи само во Франција, а високите температури сега се префрлаат кон северните и централните делови на континентот, јавува „Ројтерс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според проценките на француската агенција за јавно здравје, најголем број од жртвите се лица постари од 65 години, при што многумина починале во своите домови како последица на екстремните температури.
Франција помина 11 последователни денови со температури што на многу места надминуваа 40 степени. Иако жештините таму почнаа благо да попуштаат, топлиот воздушен бран сега се движи кон северна и централна Европа, каде што се очекуваат нови рекордни температури.
🥵 Nearly 1,000 people have already died from the heat in France
That estimate comes from France's public health agency, Santé publique France. Elderly people aged 65+ have been hit the hardest, with many dying at home.
After 11 days of temperatures above 40°C, the heat has… pic.twitter.com/XNfnkyjZuz
— NEXTA (@nexta_tv) June 28, 2026
Последиците не се чувствуваат само врз здравјето на луѓето, туку и врз енергетскиот систем. Поради прегреаната вода во реките што се користи за ладење на реакторите, повеќе нуклеарни централи во Франција, Швајцарија и Унгарија беа принудени да го намалат производството на електрична енергија.
Експертите предупредуваат дека климатските екстреми стануваат сè почести и поинтензивни, а високите температури претставуваат сериозна опасност, особено за повозрасните лица, хронично болните и другите ранливи категории на населението.
Додека Европа се соочува со еден од најсилните топлотни бранови во последните години, надлежните институции апелираат граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот дел од денот, редовно да внесуваат течности и да посветат посебно внимание на најранливите членови на семејството.
Топлотниот бран носи температури над 40 степени, метеоролозите прогнозираат до кога ќе трае


