Фото: Промо

„Обоени светови“ во Бифе Тафталиџе – Наде Молеровиќ на 29 јуни ќе ја отвори својата прва неуроарт изложба

„Обоени светови“ во Бифе Тафталиџе – Наде Молеровиќ на 29 јуни ќе ја отвори својата прва неуроарт изложба

Љубителите на уметноста на 29 јуни ќе имаат можност да бидат дел од едно поинакво креативно доживување. Во 20 часот, во Бифе Тафталиџе во Скопје, ќе биде отворена првата неуро-арт изложба на уметницата Наде Молеровиќ, насловена „Обоени светови“.

Изложбата претставува визуелно патување низ светот на мислите, емоциите и потсвеста. Делата на Молеровиќ создаваат дијалог помеѓу хаосот и редот, а секоја линија и форма носат сопствена симболика, отворајќи простор за лична интерпретација и доживување.

„Нејзините цртежи служат како визуелен мост кој ги поврзува емоциите со надворешната реалност, создавајќи прослава на креативна енергија која се раѓа од центарот на битието. Нејзината линија е мапа на нејзината потсвест, каде што се пронаоѓа рамнотежата во хаосот“, стои во претставувањето на изложбата.

Фото: Промо

Покрај уметничката кариера, Наде Молеровиќ е професор, директор, мајка, сопруга и горда баба на Лука и Милена. Како страствен патувач, преку својот бренд „Револуција на свеста“ истражувала и творела инспирација во Калифорнија, Виетнам, Кипар, Дубаи, Москва, Ерусалим и Сиднеј.

Нејзината работа е насочена кон поттикнување на луѓето да размислуваат за моќта на добрината, убавите мисли, љубовта и толеранцијата. Таа покажува длабок интерес за функционирањето на мозокот, умот, мислите и емоциите, а нејзиното уметничко патување продолжува токму преку изложбата „Обоени светови“.

Во рамките на вечерта ќе има и поздравни обраќања од Татјана Алексиќ, Сузана Турунџиева, Тина Таутовиќ, Славица Новеска и Лавинија Шувака.

Фото: Промо

По официјалното отворање, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат изложените дела, да се дружат со авторката и да ја споделат креативната енергија што ја носи оваа необична уметничка приказна.

Настанот ќе се одржи на 29 јуни (понеделник), со почеток во 20 часот, во Бифе Тафталиџе во Скопје, а влезот е отворен за сите љубители на уметноста и креативниот израз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот