Фото: Град Скопје

Пожар избувна во фурна на Бит Пазар, нема повредени

Фурна на подрачјето на Бит Пазар во Скопје била опожарена рано утрово, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, ноќеска околу 03:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пожар избувнал во продажен објект – фурна на Бит Пазар.

Пожарот го локализирал сопственикот на објектот. Според првичните информации, нема повредени лица.

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот, по што треба да бидат познати повеќе детали за причините за пожарот.

Уапсен маж од Тетовско — подметнал пожар на нива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот