Дмитри Медведев / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT POOL MANDATORY CREDIT

ВИДЕО | Камерите го фатија Медведев како спие додека Путин држи говор

Дмитриј Медведев повторно се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појави видео на кое изгледа како да дреме за време на говор на рускиот претседател Владимир Путин.

На снимката, која брзо почна да се споделува, е прикажан еден од најблиските соработници на Путин како ги затвора очите додека рускиот претседател се обраќа пред високи функционери, пратеници и претставници на руската елита.

Медведев, кого западните медиуми често го опишуваат како „кукла на Путин“, стана предмет на потсмев поради моментот снимен за време на обраќањето на Путин за состојбата на нацијата.

Ова не е првпат поранешниот руски претседател да биде снимен во слична ситуација. Во 2023 година, исто така за време на говор на Путин, камерите го забележаа како дреме додека околу него седеа членови на владата и парламентот.

И тогаш снимката предизвика големо внимание во меѓународните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот